Тестирањето Пердју со перфорирана табла е развиено од страна на д-р Џозеф Тифин, индустриски психолог на Универзитетот Пердју во 1948 година. Оттогаш, овој уред се користи како помош во изборот на вработените за работни места за коиу се потребни деликатни и груби моторички вештини и координација. Ги мери движењата на дланките, прстите, рацете и способноста на врвовите на прстите, како што е потребно во однос на задачата. Иако бил наменет за употреба во индустријата и за задачи во фабрички услови, денес се испитува за употреба во други специјални области, како кај пациенти со Паркинсонова болест, мултипла склероза, со претрпен инфаркт и слични болести. Физиотерапевтите и професионалните терапевти, исто така, го користат тестирањето Пердју со перфорирана табла за рехабилитација на пациенти со повреди, користејќи го тестот како алатка за добивање основни податоци за пациентот, за прогресирањето и/или за степенот на попреченост. |