|
Нашата визија е да ги задоволиме потребите од работна сила на нашите клиенти, овозможувајќи им да се фокусираат на нивната основна дејност, додека ние се грижиме за останатото. Вложуваме многу напори за регрутирање на вистинските кандидати, нудење поддршка на нашите партнери и стекнување на нивната доверба и почитување. Настојуваме да бидеме ефикасни, брзи и секогаш достапни, со цел да ги реализираме барањата во најкус временски рок.
Компанијата Техника д.о.о. го прославува својот 15-ти роденден. Во изминативе 15 години успешно вработивме над 3000 квалификувани и неквалификувани физички работници и професионални работници со посебни квалификации. Недостигот од работна сила во Европа предизвикува многу проблеми. Благодарение на нашите канцеларии за вработување во Македонија и Босна, имаме стратешка предност во регрутирањето добри работници од балканскиот регион и настојуваме да да ги исполниме барањата на нашите клиенти. Во овие 15 години никогаш не сме имале тужба против нас, секогаш сме ги исплаќале сите работници, даноци и другите обврски кон државата.
|